Аматерски хуманитарен тениски турнир во срцето на Маврово. Тенис, дружба и планина.
Mavrovo Open е прв аматерски хуманитарен тениски турнир во Маврово, создаден од волонтерска иницијатива на група пријатели. Во 2025 година, го оживеавме запуштениот тениски терен во Маврови Анови и создадовме настан кој ја поврзува заедницата — со тенис, музика, храна и дружба.
Сите средства од котизациите се наменети за поддршка на локалната заедница. Минатата година ги обновивме просториите на основното училиште во село Маврово — со нов под, обновени ѕидови, клима и училишен инвентар.
Во 2026, продолжуваме понатаму. Стани дел од приказната.
Сместено на јавен простор меѓу шумски патеки, опкружено со зелена природа и поглед кон Мавровското Езеро и планината Бистра.
Без разлика дали сакаш да играш тенис или да бидеш партнер на турнирот — има место за тебе.
Пополни ја формата подолу и стани дел од Mavrovo Open 2026. Котизација: 3.000 ден.
Со пријавата се согласувате да бидете контактирани во врска со турнирот.
Не само спонзор — туку партнер во приказна за спорт, заедница и хуманост
Видливост пред 2000+ посетители и 1M+ online reach
Брендирање на терен, маички и материјали
Медиумска покриеност и социјални мрежи
Директна поддршка за хуманитарната мисија
Како волонтерска иницијатива стана најголемиот аматерски тениски настан во регионот.
Mavrovo Open започна во 2025 година како волонтерска иницијатива на група пријатели чии животи се испреплетуваат во Маврово. Нашиот поттик беше едноставен: да го оживееме запуштениот тениски терен во Маврови Анови и да создадеме настан што ќе ја поврзе заедницата.
За да го реализираме турнирот, моравме да преземеме низа чекори: исчистивме дива депонија со механизација, го израмнивме теренот со повеќе од 30 камиони земја, ги поправивме рефлекторите за ноќни натпревари и координиравме со три различни институции.
Турнирот ја носи и нашата најважна цел — хуманост. Сите средства од котизациите се донираат за поддршка на локалната заедница.
Имаш прашање, идеја или предлог? Слободно пиши ни.